Претседателка на Комората на психолози доцент д-р Мирјана Јовановска-Стојановска, смета дека дека онлајн наставата има свои предности, бидејќи децата ќе можат од дома, во една сигурна средина да учат и да ја следат наставата.



Од друга страна, смета дека ќе има помалку социјализација, децата нема да имаат директен контакт ниту со наставниците, ниту со врсниците да го совладаат подобро материјалот.

„Ќе изгубат, нема да добијат некои работи, но од друга страна ќе го зачуваат здравјето, животот на своите блиски, на луѓето на кои им треба помош“, вели Јовановска-Стојановска за МИА.