Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи- не можат, ијзвави за телевизија Сител, епидемиологот, д-р Драган Даниловски.



Според него, секоја година уште на самиот почеток од школската година, некаде кон средината на септември и почетокот на октомври се јавуваат разни вируси и инфекции кои се шират во училиштата. Голем број од нив имаат симптоми слични на корона. За првпат оваа година ќе треба да се соочиме со двата вируси одеднаш, за што е потребна и поголема подготовка на државата за овој период.

„Што да очекуваме на 1 септември ако децата седнат во училишни клупи? Веројатно помал или поголем број случаи на инфекции, кои ќе бидат маскирани со настинките (веројатно и грипот).

Хипотетично, практично сите деца што ќе почнат да шмркаат и кашлаат, ќе треба да се тестираат. А додека чекаат резултат, да седат дома. А знаете ли колку деца добиваат настинки по почетокот на учебната година? Речиси секое второ… А, нивните контакти кои ќе бидат? Цел клас…“, вели Даниловски.