Д-р Даниловски: Ќе се опуштиме на почетокот на јули!

Прашан кога да очекуваме конечен крај на епидемијата, Д-р Драган Даниловскивели дека за да прекине ширењето на коронавирусот бројот на заразени дневно од коронавирус за изминати две седмици треба да се спушти под 20.



Во гостување за Канал 5, Даниловски вели дека е оптимист околу тоа кога ќе може да се каже дека епидемијата поминала и дека тоа ќ се случи најверојатно некаде на почеток на јули..

„Светлината на крајот на тунелот станува се посилна затоа што оној ттаканаречен ефективен репродукциски број се движи околу 0,5. Тоа значи дека 10 заразени, болни, можат да заразат само петмина.

Тоа значи дека неизбежно се случува стивнување, спласнување на епидемиското ширење.

Од друга страна, колективниот имунитет сигурно е веќе некаде преку 60 отсто, можеби и некаде 65 проценти. Исто така, просечната стапка на позитивни тестови конечно падна под три отсто, и нешто што е многу битно, таканаречената 14-дневна просечна инциденција, значи просечен број нови случаи, вчера е веќе 55 нови случаи на 100.000 жители, тоа е некаде 11,3 отсто помалку од претходниот ден кога имавме 62.

Бројот на починати опаѓа, иако смртноста е уште висока. Бројот на хоспитализации опаѓа, значи се релаксира здравствениот систем. Е сега ако се појави од некаде индискиот мутант, веројатно ќе се влоши малку состојбата, но дури наесен, но не можеме да очекуваме висок бран, едноставно заради стекнатиот колективен имунитет“, рече д-р Даниловски.