По вчерашниот инцидент во кој 32 годишен скопјанец нападна и тешко повреди лекар на Токсикологија, реагираше и раководителот на амбулантско-поликлиничка дејност на Клиниката, Нико Беќаровски.



„Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место.

Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана???

Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер, пишува на својот Фејсбук, Беќаровски.