Цветанова за Заев: Тој што ја преименува државата ќе морализира за сменети имиња на училишта?!

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова ја коментира изјавата од бившиот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека преименувањето на две училишта во Чаир е незаконско.



„Тој што незаконски и противуставно ни го смени името на државата и во целост ја спроведе Тиранската платформа сега предизборно ќе морализира за промена на имиња на училишта?!? #НикогашСеверна само #Македонија“, објави Цветанова на Твитер.