Професорката и екс министерка за култура Ганка Цветанова – Кедева го анализира феноменот на прогласување на владин директор и потпретседател на СДСМ за автор на деценијата.
Не навлегувајќи во сомнежите за плагијат во книгите на актуелниот директор на Фондот за иновации Цветанова анализира дали Коста Петров би станал лауреат ако не беше втор човек на партијата на власт и дали ќе отишол во политика ако бил вистински најчитан автор.
“Да беше вистински автор на деценијата, веројатно немаше да се занимава со политика. Од друга страна, да не се занимаваше со политика (потпретседател на @SDSMakedonija и директор на Фондот за иновации) никогаш немаше да го прогласат за автор на деценијата!”, пишува Цветанова – Кедева откако директорот на ФИТР ја доби наградата за која со голема помпа информираа провладините медиуми.
Да беше вистински автор на деценијата, веројатно немаше да се занимава со политика. Од друга страна, да не се занимаваше со политика (потпретседател на @SDSMakedonija и диркетор на Фондот за иновации) никогаш немаше да го прогласат за автор на деценијата! pic.twitter.com/E2z5Cz1iuP
— Ganka Cvetanova (@gankacv) February 1, 2021







