Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на објавената преписка од Владата меѓу генералниот секретар Драги Рашковски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за цената на хуманитарните летови.



„Бројот на заболени и починати расте од ден на ден, здравстевните работници незаштитени, нема опрема, средства, буџетот испразнет, а вие се однесувате како недораснати тужибаби. Патем, кога ќе ја објавите преписката на @Zoran_Zaev и Порошенко на официјалниот сајт на Владата?“, реплицира Цветанова на објавата на Твитер од Владата: „Христијан Мицкоски врши притисок врз институциите, организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и нивното сместување во државни карантини го нарекува ‘уништување на државата’“.

Во јули минатата година изби скандалот со телефонските разговори на тогашниот премиер Заев со двајца руски комичари, мислејќи дека зборува со поранешниот украински претседател Петро Порошенко.