Екс министерката за култура Ганка Цветанова ги обвинува за двојни стандарди и непринципиелност пратеничките на СДСМ Туфекџиќ, на ВМРО-ДПМНЕ Рангелова и екс лидерката на ДОМ Лиле Поповска.
Поводот е нивните реакции за изјавата на портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски кој го употреби зборот Групирова зборувајќи за новата министерка за финансии Нина Ангеловска која доаѓа од фирмата Групер.
“Пратенички од ВМРО, ДОМ и СДСМ со осуда за сексизмот и мизогинијата во политичките изјави. Женската солидарност е неверојатна, ама во целава приказна ми фали ПРИНЦИПИЕЛНОСТ. Каде бевте кога за време на претседателските избори со истите “куршуми” пукаа по Гордана Силјановска?”, пишува Цветанова.
Во текот на кампањата кандидатката за претседател Гордана Силјановска беше мета на жестоки напади на полова основа но политичарките што сега реагираат на мизогенија тогаш молчеа.





