Цветанова до Џамбаски: Не биди националист, сработи нешто за својот народ

Екс министерката за култура Ганка Цветанова достоинствено но ефектно му одговара на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој ги навреди Македонците дека се творба на “група шумкари”.



Цитирајќи информации на престижен германски институт за состојбата во Бугарија Цветанова бара од Џамбаски да не се занимава со Македонците туку да се обиде го подобри животот на Бугарите.

“Во услови кога ?? e најсиромашна држава во ЕУ, 40% од младите до 15год не умеат да прочитаат едноставен текст а 2/3 од населението од 25-64год не знае да користи компјутер, за @djambazki е побитно да биде националист/популист отколку да сработи нешто за доброто на својот народ”, му пишува Цветанова на Џамбаски.

Катастрофалните податоци што ги цитира Цветанова се дел од анализата на Berlin Institute for Population and Developmnet, базирана на податоци од европски истражувања.