Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на барањето на „Совет на амбасадори“ парламентарните избори договорени за 12 април да се одложат за летото или во редовниот термин на крајот на 2020 година.
„Во следното соопштение на Советот на амбасадори очекувам да ги видам следниве два предлога: 1. Да му се даде доживотен мандат на другарот Заев; 2. Да му се продолжи мандатот сè до моментот на престанокот на официјалното постоење на ‘нашата земја’“, го коментира Цветанова на Твитер соопштението на здружението за меѓународна политика во кое членуваат бивши дипломатски претставници на Македонија во странство и министри.




