Ване Цветанов, во времето на Груевски директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој во времето на СДСМ стана претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата отвори нова љубовно – политичка афера за жена која според него преку партиски сплетки му го уништила животот и кариерата.
Во најновиот случај не се работи за познатата контроверзна манекенка Дунавка Трифуновска туку за Струмичанка која според Цветанов му приредила пекол по што бил сменет од функцијата.
Цветанов кој важи за близок на семејството Заеви е осудено лице за случајот Шпион а предходно беше дел неколку љубовни, корупциски и кривични афери.
Во последната афера беше откриено дека својата партнерка Дунавка Трифуновска со која јавно раскинуваше љубов, ја носел на службени патувања на сметка на институцијата која ја раководел.
Во својот скандалозен пост Цветанов открива интимни детали за жената чие име не го открива.
Целото скандалозен пост во продолжение.
Со цел да се заштити идентитетот и интегритетот на жената за која зборува Цветанов од текстот се избришани дел од квалификациите и нејзиниот лик.
,,Оваа гнасница, струмичанка, која што како авантура влезе во мојот живот, со лаги измами и манипулации, а користејки ги политичките врски на СДСМ успеа да ми го уништи животот.
Прво од авантура од неколку месеци, случајно остана бремена.
На колена ја молев да не абортира и дека заради бебето ќе ја трпам до крајот на животот.
Абортираше и ми излезе од душата.
Најголема грешка направив што и ја оставив З. Л. (Невладина организција) да ја раководи…
Скоро 2 години ја молев да излезе од мојот живот, јасно кажувајќи и дека ми се повраќа од неа и дека може да комуницираме само околу З.Л.
Но ја фатив во милион лаги и за работата со организацијата…
Од 2 години заеднички живот, една година ме спиев со неа бидејки бев јасен дека ми се повраќа од неа како жена.
Ја молев да си замине од мојот живот.
Но таа велеше, а што ќе правам јас без тебе?
Без разлика што немавме ништо интимно, ми расипа многу обиди да најдам нова љубов, затоа што ми ги поврзала и месинџер и вибер кај нејзе на компјутер.
После објавувањето на сликата со Дунавка, оваа погана жена се зарече дека ќе ми го уништи животот.
И успеа.
1. Организираше кражба на З.Л. преку фалсификат собранија за кои МВР ја штити.
2. Глумела, плачела, лажела пред цел врв на СДСМ како многу ме сакала а јас сум и го уништил животот.
Почна да работи на мое професионално уништување.
Без знаење на Зоран Заев , искористи приватни и партиски врски за да и помогнат во моето оцрнување и уништување.
Сега сум разрешен од Функција и мета на политички прогон.
Блу… успеа…
Но СДСМ треба да се запрашаат каков грев направија и прават сеуште, за да ги задоволат шиз….. желби на една распу…..
Згора на се ми праќа абери дека сеуште ме сакала и дека, ако сум влегол во врска со нејзе, ќе ми помогнела да ми се средат проблемите кои таа ги направи…
Тоа ли е демократијата на одредени луѓе од СДСМ?
Прашање на денови е кога ќе ме апсат, монтажата е при крај…
А нашиот Министер Оливер Спасовски или спие, или е соучесник, не можам да го обвинам на права душа додека не го видиме финалето…
Во моментов желбите на распуштеницата се исполнети а мојот живот уништен….”, пишува Цветанов и најавува дека неговиот пост ,,Продолжува….”.
,,Државник”, шпион и како што најавува самиот наскоро уапсен





