Цветанка Ласкова се огради од грантот за снаата, за синот ништо не кажа

Советничката на премиерот Заев за култура Цветанка Ласкова се јави на социјалните мрежи. Објаснува дека не влијаела на владините економски политики и дека не знаела за тоа дека фирма на нејзината снаа за син Горан Кан добила 330 илјади евра за нејасен ИТ проект кд владата.



„Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата”, тврди Ласкова.

Таа уверува дека не знаела дека за повикот за грантови на кои аплицирала нејзината снаа и бара да се утврди конфликт на интереси.

“Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грантови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман“, пишува Ласкова која не кажува дали како задложена за култура во владата влијаела на музичките концерти по повод поканата за НАТО да биде повикан нејзиниот син Горан Кан кој е Ди Џеј и кој најверојатно добил хонорар хонорар за настапот пред десетина поддржувачи ма владата на 15 јуни.