Петре Шилегов и градоначалникот на Чаир, Ганиу, најавија проширување на улицата „Цветан Димов’ во скопски Чаир, за што рекоа дека распишале тендер.



Булеварот ќе биде широк 29 метри, а изградбата што се очекува да заврши за три години ќе чини околу 6,5 милиони евра.

„Тоа значи дека ќе има шест ленти, на средина со зеленило, тротоар, велосипедски ленти. Ќе биде со сите стандарди. Од големо значење е знаејќи дека општина Чаир има најголема густина во земјава“, рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Минатиот мај, среде улицата беа поставени бетонски блокови кои требаше да го попречат неконтролиранорто премиенување на коловозните ленти од страна на пешаците…