Цвеќе во дупките на улиците – герилска акција за иронизирање на „зелената агенда“ на ДУИ

Членовите на Младинскиот Форум на Алијанса за Албанците во дупките по улиците на Тетово симболично засадија цвеќе. Со оваа акција според партијата, младите праќаат порака до Теута Арифи и ДУИ, за катастрофалната состојба на улиците во градот.



– Оваа преземена акција е исто така и со намера да се иронизира со зелената агенда на ДУИ кои што ја промовираат како агенда за локалните избори. Граѓаните во сите општини се сведоци за тоа како управувале градоначалниците на ДУИ по општините, оставајќи ги улиците со отпадоци, со дупки и без ниедна зелена површина или парк за децата, велат во соопштението од Алијанса за Албанците.