Министрите за култура на Македонија и Бугарија, Асаф Адеми и Боил Банов денеска положија венец на споменикот на Гоце Делчев во „Борисовата градина“ во Софија по повод 147 година од раѓањето на револуционерот.
Подоцна двајцата во присуство на Борисов и Заев потпишаа Програма за соработка во областа на културата меѓу Бугарија и Македонија до 2021 година.





