По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на организираше
Владина делегација, предводена од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов денеска положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје. .
Друга делегација, преводена од министерката за култура Ирена Стефоска и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски положија цвеќе на Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила
„Токму тука пред споменикот на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење, им се поклонуваме на сите борци и ја чествуваме нивната жртва, истрајност и нескршлива волја за слобода, правда и сопствена државност, рече заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски .
„Денес, Македонија и нејзиниот мултикултурен карактер, не можат да бидат разбрани без да се има предвид историјата, мисијата и дејноста на македонската револуционерна организација, чии идеи за македонска држава беа остварени во 1944 година.
Затоа чествувањето на Гоце Делчев треба да не обединува, како што обединуваше неговото дело насекаде каде што дејствуваше“ рече Ковачевски.






