Цвеќе на гробот на 12-те стрелани младинци во Ваташа


Во месноста Моклиште, Кавадаречк, денеска беше одбележана 76.годишнината од стрелањето на 12-те младинци од селото Ваташа.



„Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај, е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа“, рече по тој повод Марија Михова, кустос историчар при Музеј галерија Кавадарци.