Цунами предизвика смрт на над 220 луѓе на Јава и Суматра (ВИДЕО)

Свлечиште предизвикано од подводна ерупција на вулканот Анак Кракатуа предизвика бранови кои потопиле делови од индонезиското крајбрежје.



Досега е потврдена смрта на над 220 луѓе а десетици се водат како исчезнати.

Голем дел од жртвите биле присутни на рок концерт и воопшто не виделе дека се приближува цунамито додека не било предоцна.

Во драматично видео објавено на интернет се гледа како луѓе бегаат по улиците а веднаш зад нив доаѓа огромна водена маса.