Цукерберг „тежи“ 100 милијарди долари

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, го зголеми личното богатство на 100 милијарди долари по лансирањето на нова видео апликација Instagram Reels – која е конкурент на контроверзната кинеска апликација TikTok.



Акциите на Фејсбук се зголемија за повеќе од 6%, а Цукерберг поседува 13% во компанијата.

Тој сега е во друштвото на сопственикот на Амазон и најбогатиот човек на светот Џеф Безос и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кои веќе ги надминаа „магичните цифри“.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл извлекоа најголема корист од блокадите и ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус, бидејќи повеќе луѓе купуваат, работат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Личното богатство на г. Закерберг се зголеми за 22 милијарди долари од почетокот на оваа година, објави Блумберг.