Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај информираше дека во изминатото деноноќие на територијата на земјава имало вкупно 23 пожари на отворен простор.
Од пожарите, 19 се изгаснати, но четири и понатаму се активни.
Според ЦУК, станува збор за пожари кај селото Елово во скопската општина Студеничани, каде гори нискостеблеста шума, во селото Мелница во Општина Чашка каде од пламените јазици е зафатена букова шума, а и понатаму активните се пожарите кај Струга – меѓу селата Ново Село и Долно Татеши и во Општина Битола кај местото викано Тепсија.
Во сите овие случаи каде што се изгаснати пожарите, горела сува трева, нискостеблеста шума и смет во депонии.






