Силниот ветар во изминатото деноноќие предизвика повеќе штети. Откорнати кровови, паднат дел од фасада, паднати дрвја и три пожари на отворено биле пријавени во регионалните центри на ЦУК. Вообичаено, вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесува 1.590, што е речиси двојно повеќе од вообичаениот просек за едно деноноќие.
Во Скопје вчера попладне паднал дел од фасада на ул. „Димитрие Чуповски“ (кај „Табако Жак Мар“), во близина на Министерството за правда. За ова ситуација известени се Општина Центар и Полициската саница во Центар („Беко“) за нивна понатамошна постапка.
Исто така, поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје во текот на денот имало пријави за паднати дрвја на шест локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири има пријава за оштететни автомобили. Има и пријави за оштетена куќа и оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда. Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје се веднаш проследени до надлежните институции односно, општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за превземање на нивни понатамошни постапки, информираат од ЦУК.
Пријави за паднати лимени покриви и четири паднати дрвја имало и во ЦУК Струмица, а силниот ветер предизвикал и три пожари на отворено во Неготино и Куманово.
– Регионалниот ЦУК – Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Неготино, од 13.10 до 14.10 часот, со два пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај „Винарија Фонко“ во месноста „На Куријски Пат“. Пожарот настанал од паднат кабел на далекувод во Општина Неготино.
Регионалниот ЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, од 16.55 до 18.15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во околината на с.Черкезе, а РЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје, имала една помала брза интервенција на отворено заради запалени картони, што заради ветрот претставувале опасност и за околината, информираат од ЦУК.






