Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредува за опасност од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а по првиот тунел…



За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе јавувања – пријави од граѓани, пренесува Макфакс.

„Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, налага превентивно е дека корисно во најбрз можен рок да биде извршена санација и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојде до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра“, велат од ЦУК.

ЦУК бара од јавните претпријатија итно преземање на мерки и активности за отстранување на карпата .

„Повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од карпа и камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, односно постои директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот“ велат од ЦУК.