Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово, на локалниот пат кон селото Вејце, било најдено загинато мече.



Пријавата била стигната на бројот за итни повици 112, во 8:25 часот, од лице вработено во Националниот парк „Шар Планина“.

„Денес утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк ’Шар Планина’ пријави дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител“, се вели во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК велат дека екипа на МВР извршила увид на местото на несреќата.

„Телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи“, додаваат од ЦУК.

Ова е втор случај да биде усмртена мечка во сообраќајна несреќа. Тоа на 5 октомври се случи на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај Доброште при што немаше повредени луѓе. Несреќата се случила кај Доброште.

На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи.