Цуцуловски: За „братска Русија“ и за дезориентираната јавност

„И потоа, некои се чудат зошто македонските граѓани биле дезориентирани.



Одговорот е едноставен: какви експерти и новинари/политичари, такви граѓани, бидејќи приученоста и неукоста никого нигде не одвеле. Сè е преобразено во празни и лажни сказни, оти никој не сака да сфати, или признае, дека политиката не се раководи од лични афинитети – на Трамп, Бејли или Путин – туку од геостратешките интереси на нивните земји“’ – пишува професорот Љубомир Цуцуловски на фејсбук. Повод е признавањето на новото име на Македонија од страна на Руската федерација, информација што изненади могумина.

Накусо, македонската јавност имаше можност сешто да чуе од (додуша!) само дел од домашните експерти. Од тоа што го најавуваа ништо не се оствари.

Американската политика остана иста; Бејли успешно си ја заврши „својата“ работа, а Руската Федерација го прифати новото име на Државата“, напиш Цуцуловски.

https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/posts/1188047311360576