Професорот Љубомир Цуцуловски регира на изјава на премиерот Зоран Заев, дадена при последнат апосета на Бугарија.



„..По последната посета на Софија некои македонски и бугарски медиуми јавија дека од страна на „македонската“ делегација било ветено дека Уставот повторно (по кој пат?) ќе се отворел за да се запише во него придонесот и на бугарскиот народ во изградбата на Република Македонија. Во еден од најчитаните бугарски медиуми „Факти“ пишува:

„Рeпубликa Ceвeрнa Мaкeдoнија e подготвена да го отвори својот Устав и да го запише придонесот на бугарскиот народ, како и на хрватскиот народ во изградбата на нашата држава. Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката пресконференција со својот бугарски колега Стефан Јанев.“

Колку што ми е познато, досега нема јавен демант на ова тврдење. Тоа е знак дека политичката ситуација е повеќе од загрижувачка. Таа е пред целосен колапс на сѐ што е македонско, вклучувајќи ја и самата Македонска Држава.

Наедно, господата автократи треба да објаснат кога и на кој начин во Република Македонија едно малцинство прераснало во народ, бидејќи овие господа одамна ги пречекорија сите граници на нормално однесување“, напиша Цуцуловски кој му порачува на премиерот Зоран Заев дека Уставот не е тефтер и дека крајно време е Заев, заедно со тие околу него, да го сфатат тоа.

„Уште помалку алабаџиски тефтер, кој секој момент може да се отвори и во него нешто ново да се внесе или да се избрише, како што на автократите им е по волја, бидејќи тој не е ниту нивно семејно наследство, ниту нешто што тие го создавале“, вели Цуцуловски.