Продолжувањето на војната во Украина ја менува сликата и станува јасно дека Русија не е токму таква сила каква што ја замислувавме или или како што некој сакаше да ја прикаже. Само ги проценувам нештата. Ова не го кажува со радост или тага, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во емисијата „Само интервју“.
Според него, сега не знаеме дали е факт дека таа е втора воена сила во светот.
„Зошто не ја користат целата воена сила тогаш во Украина? Која е целта и поентата ако не користат сѐ?
Мислам дека Русија не сака окупација на цела Украина, туку целта беше или да се воспостави марионетски режим или да се земат оние делови од Украина кои се битни за Русија и со тоа да се одбрани етничкото население кое припаѓа на рускиот народ“, појаснува професорот.







