Професорот Љубомир Цуцуловски на својот профил на „Фејсбук“ ги коментира информациите дека прашањето за разликата за името меѓу Македонија и Грција се приближува до конечно решавање.
„ПРИБЛИЖУВАЊЕ И ОДАЛЕЧУВАЊЕ. Листам по интернетот и гледам дека во голем дел од насловите, поднасловите или во самите текстови (домашни или странски) содржан е ставот дека Република Македонија се приближува до разрешување на спорот за името. А јас, пак, имам впечаток дека сѐ повеќе се приближува до губење на името, бидејќи неговото решавање ќе значи негово губење. Власта и опозицијата ќе дадат едноставен одговор: „Моравме!“ И, нормално, ќе слегнат со рамениците“, напиша Цуцуловски.





