Професорот Љубомир Цуцуловски со кус коментар на Фејсбук за актуелтата катастрофална состојба во школството и скандалозното дно на кјое падна македонското здравство:
„Кога пред седумдесет години тргнав на училиште многумина немаа ученички ташни. Уште помалку луксузни училишни ранци.
Меѓутоа, имавме учебници. Денес имаме ташни и ранци, само што немаме учебници.
Во тоа време, исто така, имавме редовни медицински прегледи, вклучувајќи и теренски рентген апарати.
Денес имаме отсуство на каква било медицинска грижа. Затоа, пак, имаме недостиг на медикаменти и трговија со основни лекови за најтешките болести.
Ова го потврдуваат и последните настани во Клиниката за онкологија, за кои јавуваат медиумите.
Ова не е морбидно. Ова е повеќе од морбидно. Ова е неподносливо!







