Професорот Љубомир Цуцуловски го коментира на Фејсбук циркусот со наредбите од притвор на шефицата Катица Јанева до Специјално јавно обвинителство.



„НИШТО НЕСЕКОЈДНЕВНО. Макар што се наоѓа во притвор, Катица Јанева и понатаму дава наредби/инструкции како треба да работат во СЈО. Ништо несекојдневно, бидејќи во Македонија одамна нема дно. Во Македонија нема дно, бидејќи Македонија одамна тоне во бездна, во која некои си играат со државата, како што и глумат држава. Кога Македонија од бездна ќе премине во провалија, точно не се знае. Но, дека еден ден и тоа ќе се случи е сигурно. Потоа, откако ќе премине во провалија, граѓаните ќе можат да очекуваат да се достигне дното. Дотогаш, само слободен пад.

П.С. Приложувам линк кон моето интервју дадено за Телевизија Алфа на 27.02.2019. Можеби некого ќе го заинтересира https://www.youtube.com/watch?v=iEXDsFSSI4U