Професорот Љубомир Цуцуловски, на Фејсбук сподели свое гледање на ситуацијата со сегашната „процедура„ за состав на влада и обезбедување парламентарно мнозинство:



„Се чини дека историјата навистина се повторува, онака како што тврдел Хегел – еднаш како трагедија, вторпат како фарса. Дваесетина години покасно, Маркс додал дека историјата се повторува како фарса (на паљачовски начин) за да може човештвото полесно да се ослободи од старите предрасуди и навики.

Меѓутоа, во Македонија историјата се повторува (сѐ повеќе и повеќе) како т р а ге д и ј а. За фарса, по сѐ изгледа, сѐ уште е рано. Секој мој коментар понатаму, сметам дека е непотребен“, пишува Цуцуловски.

https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/posts/1620739301424706