Професорот Љубомир Цуцуловски, во конетекст на ангажманот на заедначката македонско-бугарска Комисија за учебниците, вели дека
довербата помеѓу државите не се гради со премолчување на нештата, туку со отворено и директно кажување на работите.
„Би било добро д-р Драган Ѓеоргиев, првиот човек на македонската Комисија за ревизија на некои историски настани, поврзани со бугарската историја, своите колеги од Бугарија да ги потсети на судбината на Македонецот Васил Антовски – Дрен и да им предложи (ако треба и да инсистира) во бугарските учебници да биде приложена и фотографијата од спомен плочата посветена на овој херој, бидејќи довербата помеѓу државите не се гради со премолчување на нештата, туку со отворено и директно кажување на работите“, пишува Цуцуловски на Фејсбук.
„Барем толку овој господин може да направи, наместо да отстапува и да се правда како сè што се прави да се прави за доброто на македонската држава и македонската нација…“





