Цуцуловски до Ѓоргиев: Зошто САД и Британија ја бомбардираа Бугарија ако не била фашистичка земја

Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски со јавно прашање до шефот на македонскиот дел од мешовитата комисија со Бугарија Драги Ѓорѓиев кој рече дека соседот во втората светска војна не бил фашистичка држава.



Цуцуловски прашува зошто САД и Велика Британија во текот на војната ја бомбардирале Бугарија.

,,НЕ БИЛА ФАШИСТИЧКА? Ќе може ли „умниот, сезнаен и сеоправдувачки“ Драги Ѓорѓиев да објасни зошто Сојузничката авијација (САД и Обединетото Кралство) бомбардираа една „невина“ и „нефашистичка“ држава, каква што беше Царска Бугарија? Или, можеби, токму Сојузниците (во случајов, САД и Обединетото Кралство) беа дел од Тројната фашистичка оска, па затоа ја бомбардираа „невина“ Бугарија? Нека го погледа прилогот и нека, барем еднаш, размисли. И дали некогаш Бугарија ќе извлече поука од сопствената историја?”, пишува еден од водечките македонски интелектуалци кој објавува и видео направено во Бугарија кое се однесува на сојузничките бомбардирања.