Првата последица (покрај демотивираноста квалитетно да се работи) би била намалување на куповната моќ, која и без тоа е никаква – барем кај поголемиот дел од населението. Намалената куповна моќ ќе доведе до намалена потрошувачка. Намалената потрошувачка директно ќе води кон зголемување на цените, како резултат на намаленото производство, произлезено од намалената потрошувачка. Тоа ќе доведе до уште помала потрошувачка“, предупредува професорот Љубомир Цуцуловски.
„На тој начин, намалената потрошувачка, проследена со немаштија, ќе предизвика уште поголемо намалување на и така намаленото производство во сите сфери од стопанството. Намалувањето на производството ќе доведе до вишок на работна сила, односно до уште поголема невработеност, која воопшто не е за потценување. А вработувања на Запад (единствениот досегашен вентил) ќе нема! Невработеноста уште повеќе ќе ја намали потрошувачката, која ќе влија врз порастот на цените, а тоа ќе доведе… “ – пишува Цуцуловски на Фејсбук.




