„Меркел пред некој ден притисна врз Бугарија. Џабе! Бугарија и понатаму по свое.



Денес Хајко Мас притисна врз Бугарија. Повторно џабе! Бугарија и понатаму по свое.

Што моќ ќе беше тоа во рацете на Бугарија, па цела ЕУ ја врти околу својот мал прст? Одговорот од умно-умните глави веднаш ќе го добиете.

Имала право на вето, а тоа право да ти било едно од темелните права/вредности на ЕУ – дообјаснуваат умно-умните глави.

Точно, Бугарија навистина има право на вето сѐ до оној момент додека ЕУ не ѝ сопре само една финансиска славина. А Бугарија е, тоа е повеќе од вистинито, чувствителна на славини. Ете, дотука оди бугарското право на вето.

ЕУ, сепак, не сопира ниту една славина. Дека некој се шегачи со македонските граѓани е повеќе од јасно. Само што оваа вистина треба секојдневно да се повторува, наместо да мантраат за „моќта“ и тврдоглавоста на Бугарија“,

ФБ статус на професорот Љубомир Цуцуловски