Стојанов: На Бугарија доцна и текна да разговара за Македонија

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Македонија.



Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија.

Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример.

Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа.

Стојанов: Сите сме учеле дека во Бугарија имаше монархофашизам

Сепак, според Петар Стојанов, предизвиците денес се нови.

Петар Стојанов беше претседател на Бугарија од 1997 до 2001 година.