Поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски вели, дека не оптимист дека за пет години Македонија ќе стане полноправна членака на Еврпопската унија.
Овој став тој го изнесе на денешната трибина на тема „Македонија меѓу Отворен Блакан и Берлински процес можно ли е побрзо членстово во Европската унија“.
според Црвенковски,„ЕУ нема план што ќе прави со себе, а како резултат на тоа и што ќе прави со Западен Балкан. Постојано слушаме едни исти мантри од страна на ЕУ, дека останува политиката на отворени врати, а од страна на земјите во регионот, дека полноправното членство во ЕУ е единствената опција за која не постои алтернатива.
За жал резултатот од тоа е статус-кво ситуација“, вели тој.
„Во вакви околности кај нас имаме избор меѓу две опции, првата е да останеме пасивни, да чекаме и да се надеваме на чудо, на некаков радикален пресврт кој ќе го забрза процесот или да бидеме иницијативни и да даваме идеи кои ќе значат исчекор и ќе обезбедат одредена интегрираност и пред полноправното членство во ЕУ“, вели екс-претседателот, пренесе Макфакс.








