Црвенковски со катастрофална порака: Корумпираната Македонија може да умре на рати

Иако не се согласува дека Македонија и Македонците не ги бива и вели дека не бива да имаме држава поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сериозна индиректна критика за актуелните власти во Македонија.



Тој не ја прифаќа мантрата дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија – немаме, па прашува што во тој случај ќе направиме ние, за кои не постои план „Б“.

Црвенковски, на денешниот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, праша што во случај Европската Унија да одлучи да нема повеќе проширување, без разлика дали ние сме ги исполниле сите услови. Дали тогаш ќе се самораспуштиме или самоукинеме? – прашува Црвенковски.

Тој смета дека во Македонија мора да се изработи платформа, национална стратегија за иднината, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската Унија или не. Смета дека би било идеално таа национална стратегија да ја изработат политичките партии, но исто така вели, дека не гледа начин, со оглед на нивните релации тоа и да го направат.

Секако, потсетува, таа национална стратегија не може да нѝ ја изработи некој од надвор.

Македонија, според поранешниот претседател е корумпирана држава. Дополнително, Македонија живее на кредити, а кој живее на кредит, вели Црвенковски – умира на рати.

Во својот говор Црвенковски не го спомена Заев но растот на долгот од 4,7 на 7,2 милијарди за само четири години јасно укажува на кого меѓу другите мисли екс претседателот.