Црвенковски не го коментира сведочењето на Верушевски

Црвенковски останува на својот став да не коментира актуелни теми, одговориле од Кабинетот на поранешниот претседател на барањето на ТВ Алфа да го коментира сведочењето на Зоран Верушевски дека нелегално прибавените телефонски разговори во 2010 година прво биле носени во тогаш опозициската СДСМ, а екс разузнавачот ги анализирал како надлежен за безбедносна политика.



Од Алфа ТВ прашале како екс претседателот го коментира сведочењето на Верушевски, но одговорот бил дека Црвенковски одстанува на ставот да не коментира актуелни теми, вклучително и оваа.