Во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, денеска во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“



На настанот воведно обраќање ќе имаат поранешниот претседател Црвенковски и поранешниот амбасадор и претседател на „Советот на Амбасадори“ Мухамед Халили, а на дебатата ќе учествуваат амбасадори, универзитетски професори, пратеници, поранешни министри, бизнисмени, членови на стопанските комори…