Поранешните претседатели на државата Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов не беа присутни на годишно обраќање во Собранието на нoвиот шеф на државата Стево Пендаровски.
Според протоколот, поранешните претседатели на државата се на список за присуство на настани организирани од државните институции.
Од кабинетот на Црвенковски велат за Плусинфо дека поранешниот претседател не добил покана за денешната седница и дека треба да се провери дали е практика во парламентот за вакви настани да се испраќаат покани до поранешните шефови на државата. Инаку, организацијата на седницата на која се обраќа претседателот е во надлежност на Собранието, дознава „Плусинфо“.
Пендаровски беше советник на Црвенковски за надворешна политика и за безбедност.
Иванов, кој десет години беше претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на 12 мај годинава му ја предаде функцијата на Пендаровски, кој беше избран како кандидат на СДСМ и на ДУИ. Исто така,.
Отсутен од обраќањето беше и шефот на опозициоската ВМРО-ДПМНЕ.
„Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност…Накратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски, одговори денеска на новинарско прашње лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во собраниската сала денеска не беше присутен ни лидерот на ДУИ, Али Ахмети.





