Екс претседателот Бранко Црвенковски на денешната трибина организирана од здружението на екс македонски амбасадори ги уништи позициите на владата на СДСМ и ДУИ која создава лажен оптимизам за влезот во ЕУ ако се усвојат уставните измени за ,,бугари во уставот”.
Тезите со лажен наратив за брз влез во ЕУ со промена на уставот кои што ги шират министерот Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски беа урнати со неколку прости забелешки на Црвенковски.
За разлика од Владата која тврди дека Македонија ги почнала преговорите со ЕУ Црвенковски на дебата организирана од здружението на македонските амбасадори порача дека Македонија ги отворила но не ги почнала преговорите.
За тврдењето на владата дека Македонија до 2030 ќе стане членка на ЕУ Црвенковски дава реалистична слика на пристапните состојби кои се далеку од тоа што го зборува владата.
Според Црвенковски новата методологија на ЕУ за проширување не дава оптимизам дека во наредни 5 до 7 години Македонија ќе стане членка на ЕУ посочувајќи го примерот со Србија и Црна Гора.
Црвенковски ја урна и тезата на владата за можноста за проширување и влез на Македонија во ЕУ заради геополитичкиот момент со Украина.
Според Црвенковски и покрај конфликтот во Украина се засилува ставот дека земјите кандидати прво треба да направат реформи па потоа ќе се случи проширување на ЕУ.






