„Зборувајќи за политичката криза, којаја предизвика руската агресија во Западниот Балкан и за поддршката, која Русија ја има од еден дел од граѓаните и од политичките партии, лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека ДУИ никогаш не би се поврзала во партнерство со една партија, или со одредена група, која е против интегрирањето на Македонија во Европската Унија.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ги пренесува искажувањата на Ахмети: „Не може да има партнерство со онаа сила, која е против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор, против спогодбата за добрососедство со Бугарија и која е против независноста на Косово. Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ зема во партнерство и на собири партии, кои се целосно ангажирани против нашиот концепт и нашата филозофија и кои се против сите овие спогодби, кои ги споменав.“
„Ахмети нагласи дека Русија заради своите цели ќе ги активира сите луѓе и организации, кои ги има во Македонија и во регионот, но и низ светот се додека не ги оствари тие свои цели.“
Home Македонија Ахмети: „Нема партнерство со нас за противниците на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот...





