Црвен картон за СЈО, Катица да се врати во Гевгелија

Дозволата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, да дозволи бизнисменот Орце Камчев, да биде присутен на Фајнал фор во ракомет, во Келн, Германија,за адвокатот Јанаки Митровски е црвен картон за СЈО.



“Глупостивe со давање пасош за едукација се трет голем кикс на СЈО. Задача на првиот човек на СЈО беше да тронка политичко влијаие не се дозволи. Со бејзбол речник three strikes and your out.

Време е за рана пензија за Катица Јанева, или истата да се врати во ОЈО Гевгелија од каде што и дојде.

А доколку нејзиниот наследник смета дека треба и тој/таа повторно да дозволува очигледно надворешно влијание тогаш се поставува прашањето која е потребата од постоење на специјално обвинителство кога тоа се однесува како редовното. Црвен картон за Катица!”, вели Митровски.

Патната исправа на Камчев му беше одземена како мерка на претпазливост во случајот „Империја“, но сега Јанева му дозволи да добие времен пасош 6 месеци за службени патувања и едукација.