Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни десното крило на Црна Гора, Марко Ласица, со 5.000 евра, плус 2.000 условно ако во следните две години го повтори плукањето врз македонските навивачи по победата од 28:24 во Дебрецин на Европското првенство.



„Го направив тоа што и тие на мене и одговорив со плукање на плукањето. Цел натпревар ме гаѓаа со монети и ме плукаа, а по мечот еден т.н. навивач ме плукна одблиску. Вратив, згрешив и за тоа се извинувам. Ја ценам македонската публика, нивната поврзаност со репрезентацијата и со клубовите, но овие поединци не се навивачи. Вујовиќ го погодија со шише од трибините. Меѓутоа, мојата реакција е за осуда и се извинувам за некоректниот потег“, изјави стрелецот на два гола против Македонија.