Црногорец победи на натпревар во – лежење

Жарко Пејановиќ од Забјело, Подгорица е победник на 12-от натпревар во лежење што традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Монтенегро, недалеку од Никшиќ.



Тој издржа 60 часа лежење и за својот потфат освои 350 евра, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзорите на настанот.