Иако анкетата спроведена на Твитер нема научна или статистичка важност резултатите треба да го загрижат премиерот Ковачевски.
Многу лоши одговори за премиерот на прашањето поставено од АнкетиМКД: Какво е вашето мислење за Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски?
Од 1375 гласови дадени од корисници на Твитер во првите два дена од анкетата дури 83 проценти дале одговор дека имаат целосно негативно мислење за премиерот.

По 5 проценти од тие што гласале сметаат дека имаат делумно позитивни или целосно позитивно мислење за премиерот а 7 процентни имаат делумно негативно мислење.
Практично само секој десети корисник на твитер кој ја видел и гласал на анкетата има позитивно мислење за премиерот.
Анкетата трае уште два дена и десетина часа
Какво е вашето мислење за Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски?
(ве молиме за РТ за поголема репрезентативност на примерокот)
— Анкети (@AnketiMKD) May 27, 2023





