Црно му се пишува на премиерот, Ковачевски губи од Мицкоски со речиси 4:1 (АНКЕТА)

Расте рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски кој е во постојан пораст и е речиси четири пати поголем од рејтингот на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.



Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Димитар Ковачевски 3,5%, во Димитар Апасиев 3,1% и во Али Ахмети 3,7% од испитаниците.

Над две третини или 69,7% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена.

Споредено со резултатите од истражувањето во јуни и февруари годинава, се забележува 12 процентно зголемување на делот од испитаниците кои немаат доверба во ниту еден лидер на партија, благо зголемување на довербата во Христијан Мицкоски за 1% и значително намалување на довербата во Димитар Ковачевски од 8,2% во февруари до 3,5% во септември 2023.

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Слична е ситуацијата и во анкетното прашање за рејтингот на партиите

На СДСМ му се случува колапс, Бихаќка загубила 1/4 од гласачите за 6 месеци (АНКЕТА)