Повеќе од еден тон кокаин во Подгорица заплени црногорската полиција, во соработка со Царинската управа.
Уапсени се две лица, а се трага по други осомничени.
Ова е најголемата заплена на дрога досега во Црна Гора. Во пратка со банани пронајдени се вкупно 1.205 пакувања кокаин.
Вицепремиерот Дритан Абазовиќ на Твитер рече дека владата го прави она што го ветила и дека Црна Гора нема да биде земја на криминал…






