Црна Гора со лекција за Македонија на ЕП во ракомет

Ракометната репрезентација на Црна Гора славеше со убедливи 28:24 против фаворитот на хартија Македонија во второто коло од групата А на Европското првенство во Унгарија и Словачка.



Освен на стартот од второто полувреме, кога израмнија на 17:17, избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа во подредена положба во текот на целиот натпревар во Дебрецин и практично го завршија настапот на ЕП, бидејќи в понеделник од 20:30 часот ќе ѝ излезат на мегдан на Данска.

Во срамното издание против „ѓетиќи“, кои ја остварија својата само втора победа на еврошампионатите, единствена светла точка кај „црвено-жолтите“ беше голманот Никола Митревски (10 одбрани од 23 удари или 43,5 проценти успешност), а во нападот Мартин Велковски со 6/7.