Полиција на црногорскиот град Бар евакуира дел од улица Бар поради закана од едно лице да активира експлозив, јави „Вијести“.
Човекот кој се претстави како Един Бегзиќ, на филијалата на една банка претходно поставил натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“.
Тој на медиумите им достави видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на Собранието, да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, барајќи штета од повеќе милиони долари.
„Ќе ја држам банката под контрола додека не им ги исплати на работниците парите што ги украла, со камата за целото време што чекаат. Имам солзавец и маска, оклоп, пиштол, молотови коктели и две рачно изработени експлозивни направи“, вели тој во видеото и демонстрира како функционира направата.
Специјалното обвинителство спроведува истрага против организирана криминална група во случајот „Приморка“, осомничена дека го оштетила државниот буџет за четири милиони евра.
Човекот, кој тврди дека ќе ја крене банката во воздух додава:
„Ова банка ги украде парите на чесните граѓани, на работниците на „Приморка“ уште во 2010 година…Да си ја работевте работата, ние немаше да дојдеме во оваа позиција, порачува Бегзиќ.







